Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛ. „СИРМА ВОЈВОДА“
Untitled Document

 Започна асфалтирањето на улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри и ширина од шест метри или повеќе од 1 500 квадратни метри.
Асфалтирањето го реализира ГП „Сењак“ од Киево а наредниве денови се очекува да биде изграден и тротоарот од едната улична страна.
Со асфалтирањето на оваа улица се  решава  горлив  проблем на граѓаните што живеат и транзитираат на овој потег  а кои децении наназад минуваа низ кал и прав.

Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Никола Бакрачески се изведува во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид и во рамките на активностите  за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички на територијата на  Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1395  пати
Објавено на: 23.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©