Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРЧКАТА TASTV ГИ ПРЕНЕСЕ „ВОДИЦИ ВО ОХРИД“ ПРЕД СВОЈОТ АУДИТОРИУМ
Untitled Document

Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, годинава најде посебно место во грчкиот медиум tastv.gr, кој пред својот аудиториум ги презентираше автентичните вредности и го мапира Охрид како дестинација која го негува културниот и религиски туризам.

Од градот - неисцрпниот извор на убавина, здравје и спокој,  милионскиот аудиториум на Грција покрај информациите за продлбочувањето на соработката помеѓу Охрид и Воден имаше можност да го проследи осветувањето на водите на Охридското езеро.
Со нескриено задоволство, репортерот на грчката tastv зборуваше за посветеноста и ентузијазмот со кои  верниците го одбележаа големиот ден на Православието. 

Реткиот спој на традицијата, културата, религијата и модерното , несомнено,  претставува  предност во делот на промовирањето на туристичкиот потенцијал на Охрид, кој претендира да биде најпосакувана дестинација во регионот.

http://tastv.gr/article/theofaneia-stin-ohrida-2016-video-photos

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 27.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©