Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 15, ДЕЛ ОД УБ 15.4 – ОПФАТ 1, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013-2018
Untitled Document

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-994/  од 09.07.2015год. Градоначалникот на општина Охрид,

С О О П Ш Т У В А
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 15, ДЕЛ ОД УБ 15.4 – ОПФАТ 1, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2013-2018

1.Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 15, дел од УБ 15.4 – опфат 1, општина Охрид е опфат со површина од 4,40 ха и тоа во граници:

- на север границата се движи по северната граница на КП 2496 и КП 2497 КО Лескоец.
- на исток границата е поставена по линија на источниот раб на пешачката патека која минува низ КП 2497, КП 991/2 и КП 992, а во еден дел границата на опфатот минува низ КП 992,
- на југ границата се движи по јужната граница на КП 992 и КП 991/1 КО Велгошти,
- на запад границата се движи по осовината на магистралната улица "15-ти Корпус".

2. Јавната анкета ќе трае од 13.07.2015 - 27.07.2015 год.
3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.07.2015 год. со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 13.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©