Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПЕШТАНИ СО НОВОИЗГРАДЕН МОДЕРЕН КЕЈ
Untitled Document

На почетокот на годинашнава главна туристичка сезона, благодарение на ангажираноста  на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија, селото Пештани доби нов, модерен,партерно и хортикултурно уреден кеј. Новиот кеј се протега на потегот од рибниот ресторан до објектот на поранешната полициска станица.

Градежните активности започнаа пред  нецел месец, со изградба на потпорниот ѕид кој со сопствени средства го финансираше Локалната самоуправа. Следуваше изградба на пешачка патека на површина од 900 метри квадратни  покриена со бехатон плочки, поставени се водоводен систем за наводнување на цвеќињата, нови ивичници и столбчиња со кои ќе се овозможи безбедно движење на жителите и туристите кои доаѓаат во Пештани. Просторот  е  облагороден со цвеќиња, дрвца, канделабри и клупи за одмор.

Во реализирањето на  проектот, кој вкупно ќе чини околу 2 милиони денари плус дополнителните средства  што за изградба на потпорниот ѕид ги издвои Локалната самоуправа , беа вклучени сите општински јавни претпријатија. Со овој зафат, општина Охрид остварува само дел од проектите кои се поврзани со поддршка на развојот на туризмот во руралните средини и  населените места на брегот на Охридското Езеро.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1302  пати
Објавено на: 09.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©