Општина Охрид ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи,
хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и други субјекти поврзани
со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата
туристичка понуда преку веб страната
www.ipult.info .
За таа цел потребно е да се испратат информации во форма на текст и слика,
кои ќе бидат објавени на информативните “touch screen” уреди, поставени на
клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се
овозможува брз и лесен пристап до услугите.
Воедно се повикуваат сите регистрирани станоиздавачи и хотели, своите понуди
да ги објават и на веб страната
www.ohrid-apartments.info
со што ќе се овозможи брзо и лесно пребарување на сместувачките капацитети и
услуги од страна на посетителите на страницата.
Субјектите кои веќе ги нудат своите услуги на
www.ipult.info и
www.ohrid-apartments.info
треба да ги ажурираат (обноват) податоците.
Заинтересираните, за подетални информации можат да се обратат во Секторот за
туризам и ЛЕР при општина Охрид или на тел: 046 230 175.
Извор: www.ohrid.gov.mk |