Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА СРЕДБА СО УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „КОШИШТА“ , „ЖЕЛЕЗНИЧКА“ И „РАДОЈЦА НОВИЧИЌ“
Untitled Document

Средбите на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните продолжуваат. Денес, градоначалникот заедно со директорите на јавните претпријатија и претставници од Локалната самоуправа остварија средба со жителите на три урбани заедници.

Градоначалникот пред жителите од овие населени места ги презентираше  проектите кои се реализирани во овие урбани заедници, а средбата ја искористи за директно од жителите да се информира за проблемите чие решавање е приеритетно.
На средбата се дискутираше за одредени урбанистички решенија, беа дадени идеи за инфраструктурни решенија но и идеи од комуналната сфера.

Ваквата комуникација на градоначалникот со жителите од урбаните и месните заедници ќе продолжи и во наредниот период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1350  пати
Објавено на: 08.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©