Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОЕКТ ЗА ОБУКИ ЗА ПОБАРУВАНИ ЗАНИМАЊА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
Untitled Document

Во периодот од месец април до месец август 2013 година , во ОУТУ „Вначо Питошески“ во соработка со ЦСОО, АВРМ и UNDP, се реализира проект за обуки за побарувани  занимања на пазарот на трудот, предвидени со Оперативниот план на Владата за активни политики и мерки за вработување за 2013 год.

Согласно предвидената содржина од програмата за обука, се реализира обука за занимаwето готвач во угостителски објекти.
Обуката се реализира во два дела, и тоа:
-во периодот април-мај 2013 година во капацитетите на училиштето,
-во периодот јуни-јули 2013 година во капацитетите на работадачи.
Вкупно од 10 кандидати упатени во училиштето на обука за занимањето готвач во угостителски објекти, обуката успешно ја реализираа 10 кандидати кои остварија право да полагаат.
На ден 09.08.2013 година во училиштето , согласно испитната програма, се реализира процесот на проверка и вреднување на знаењата на кандидатите стекнати за време на обуката за занимањето готвач во угостителски објекти.
Процесот на проверка и вреднување на знаењата на кандидатите го реализира Комисијата во состав:

1. м-р Чедомир Димоски, советник во ЦСОО-надворешен член
2. Тошо Чочорски, управител на хотел "Силекс" Охрид-надворешен член
3. Лазо Дуноски, професор по стручни предмети

На проверката и вреднувањето на знаењата на кандидатите, присуствуваа и претставници од АВРМ.
Сите кандидати успешно го комплетираа процесот на проверка и вреднување на знаењата, при што ги постигнаа следните резултати.

Ред.бр Бр. на кандидати ОБУЧЕНОСТ
1 1 Кандидатот е стручно оспособен за изведување на работи и работни задачи како сервисер на мехатронички системи под континуиран надзор
2 4 Кандидатот е стручно оспособен за изведување на работи и работни задачи како сервисер на мехатронички системи под повремен надзор
3 5 Кандидатот е стручно оспособен за самостојно изведување на работи и работни задачи како сервисер на мехатронички системи

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 14.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©