Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Untitled Document

На пригодна свеченост  што денес се одржа во средното  угостителско училиште “Ванчо Питошески“, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, во име на градоначалникот Никола Бакрачески, им додели новогодишни пакетчиња на 100  деца од социјално загрозените семејства од Охрид.   


Во своето обраќање Јанев истакна дека младите се носечките столбови на нашето општество па токму поради тоа општината Охрид се залага и работи на подобрување на условите за живот на сите охриѓани.  

  -Општина Охрид прави сериозни чекори  да  обезбеди подобра иднина за сите нас. Правиме сериозни чекори за  креирање на  здрава економска политика која ќе обезбеди повеќе работни места и ќе го намали бројот на семејства со социјален ризик. Наша постојана заложба е подигнување на  животниот стандард и  обезбедување поголем број  вработувања. Германските гиганти “ОДВ-ЕЛЕКТРИК“ и “Костал “  кои доаѓаат во Охрид обезбедуваат над 2 000 работни места. Сите заедно тргнуваме кон подобра и посветла иднина. Општина Охрид како до сега така и  во иднина активно ќе се вклучува и ќе ги поддржува сите проекти на Црвен Крст со кои  се олеснува секојдневието на сите охриѓани кои имаат потреба да им се подаде рака, истакна Јанев.

Проектот за доделување на новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, општина Охрид го реализира заедно со охридскиот  Црвен Крст.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1323  пати
Објавено на: 25.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©