После упатената покана до Градоначалникот Бакрачески од страна на Здружението "Богојавление" за кумство на големиот верски празник Водици, синоќа со задоволство беше прифатена оваа покана, која традиционално ќе се официјализира на 4 декември на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста.
"Чест и привилегија е да се биде Кум на големиот христијански празник Богојавление-Водици, празник кој најнапред има голема верска и духовна димензија поврзана со традицијата на православниот македонски народ, а истовремено овој свет ден за Охрид претставува презентација на верскиот туризам, како алтернативна туристичка понуда на градот".- изјави Градоначалникот Бакрачески
Кумството за Водици 2014 ќе биде заеднички организирано помеѓу Градоначалникот Никола Бакрачески и познатиот охридски бизнисмен Сашо Симески, кои и во приватниот живот се исто така кумски поврзани, Градоначалникот Бакрачески му е кум на Сашо Симески.
Градоначалникот Бакрачески потекнува од свештеничко семејство, неговиот прадедо бил свештеник во Манастирот "Света Богородица" во Калишта и еден од оние свештени лица кои и во времето на комунизмот го практикувал осветувањето на водите во Калишта и Радожда.
Извор: www.ohrid.gov.mk |