Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува :
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
1. Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2015 година, се распишува Конкурс за доделување на Повелбa – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“.
2. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот, во изминатиот период од една година до завршувањето на конкурсот.
3. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
4. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
5. Конкурсот ќе трае до 20-ти ноември 2015 година. Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
6. Пријавите да се доставуваат на адреса: - Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРС“).
КОМИСИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ
ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИ И
ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Претседател,
Дејан Пановски
Извор: www.ohrid.gov.mk |