Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА БИЗНИС ЕЛИТА
Untitled Document

По повод големата Конференција за туризам што  од 10 до 12 септември ќе се одржува во Охрид и Скопје ,а чиј покровител е Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски  и  Генералниот секретаријат на Светската туристичка организација, денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со регионалниот директор   за Европа  на Светската туристичка организација  UNWTO, Изабел Гарања.

На средбата директорката Гарања го информира градоначалникот Бакрачески за суштината и важноста  на Конференцијата за туризам која што покрај туристички и економски има и силен политички дел. Притоа градоначалникот Бакрачески го изрази огромното задоволство што на Охрид му се нуди можноста да биде домаќин на ваква  манифестација  со светско реноме. Градоначалникот  истакна дека Општина Охрид ќе ја даде целата логистичка поддршка во поглед на непречена организација на оваа меѓународна туристичка конференција.

Госпоѓа Гарања, заедно со својата придружба попладнево беше на прошетка низ Охрид со цел да се запознае со сите културно историски белези и археолошки локалитети кои ги поседува Охрид- балканскиот Ерусалим.
Во насока на подготовките г-ѓа Гарања, покрај со градоначалникот Бакрачески,  имаше работни состаноци  и во министерството за надворешни работи и со Директорот на Агенцијата  за промоција и поддршка на туризмот  .До крајот на овој месец ќе се  договорат  сите детали околу конференцијата.

Фактот што Охрид ќе биде домаќин на  ова значаен меѓународен настан,  укажува дека во есенскиот период  очекуваме бројни елитни гости , кои ќе обезбедат туристичко пулсирање надвор од главната туристичка сезона.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1230  пати
Објавено на: 11.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©