Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СПОРТСКИТЕ ДРУШТВА ОД ОХРИД
Untitled Document

Со цел надминување на проблемите со кои спортските клубови од Охрид се соочуваат години наназад, денеска градоначалникот Бакрачески оствари средба со претставниците од Сојузот на спортови на општина Охрид на која присутните ги изложија своите очекувања и идеи за развој на спортските друштва во Охрид.

Ова е прва официјална средба на претставници од спортски друштва и спортски клубови на територија на општина Охрид и она што е заложба на Локалната самоуправа е конечно спортот во Охрид да се подигне на повисоко рамниште.

Во наредниот период ќе изградиме цврсти организациски основи, ќе ги редефинираме основите врз база на кои што ќе се формираат и врз база на кои што ќе функционираат спортските друштва се со цел омасовување на спортот во градот – истакна градоначалникот Бакрачески.

На денешната средба беше истакнато дека Општина Охрид се наоѓа во една многу сложена финансиска ситуација и можностите за партиципирање во поддршка на спортските клубови е доста ограничена, но и дека интерес на градот Охрид е во иднина спортските друштва да добијат адекватна поддршка во рамките на можностите односно во рамките на законските правила и регулативи и секако врз основа на Статутот на општина Охрид.

Ќе ги ангажирам сите ресурси кои се во надлежност на оваа Локална самоуправа и институциите кои ќе се занимаваат со развој на спортот во градот да дадат максимална поддршка на Вашите заложби да го подигнеме спортот во градот на ниво на кое Охрид заслужува. Тоа е моја заложба од која во мојот мандат нема да отстапам – рече градоначалникот Бакрачески.

Со ваквата поддршка на локално ниво се очекува спортските друштва да постигнат подобри резултати не само на републичко туку и меѓународно ниво што е еден од приоритетите на Локалната самоуправа за афирмација на спортот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 17.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©