Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНАА УЧИЛИШНИТЕ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ
Untitled Document

Во организација на Извидничкиот одред „ Пионер“, а со поддршка на Општина Охрид, во саботата на11.02.2017 година, започна првото коло од втората сезона на  проектот „ Училишни игри без граници“ .Оваа сезона игрите започнаа во ОУ "Христо Узунов" чија  екипа во изминатата сезона го освои првото место, по што активностите ќе продолжат да се реализираат во останатите основни училишта.

Во топол амбиент во училишната спортска сала, низ осум натпреварувачки игри во кои учениците се дружеа повеќе од два часа, во присуство на голем број на родители, во ова прво коло зедоа учество 22 екипи, односно 88 ученици.Подобрите екипи од ова коло ќе имаат можност да се надигруваат со своите врсници од другите општински училишта, се до финалето кое и оваа година ќе се одржи во месец мај, со самото завршување на школската година.

Потребата од реализација на „ Училишните игри без граници“ и нивната оправданост произлегоа од престојот на учениците во периодот на школската година во затворени простори,како и намалените индивидуални физички активности кои негативно влијаат на психофизичката кондиција кај децата-учениците. Поради тоа, токму преку забавно-едукативните натпревари учениците ќе ги развиваат психомоторните способности, a со учеството во екипен состав ќе се развива тимската работа и натпреварувачкиот дух кај учениците.

Неопходно е да се спомене дека потребата од вакви активности ја препозна и локалната самоуправа, која преку органите за образование и директорите на училиштата овозможува „ Училишните игри без граници“ непречено да се реализира веќе втора година по ред.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1471  пати
Објавено на: 13.02.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©