Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТСАВНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ПРЕД БИСТАТА НА ГОЛЕМИОТ ХУМАНИСТ АНРИ ДИНАН
Untitled Document

На 8ми Мај 1828 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8ми Мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 Мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Денес претставници на Советот на општина Охрид, Црвен крст – Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга  положија свежо цвеќе на бистата на Анри Динан .Веднаш потоа во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид беше отворена втората изложба на Арс Вивенди Клубот на уметници кој делува во рамки на Црвен крст Охрид.
Под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности.

Во просториите на Црвен крст Охрид беше отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од претшколските установи во Охрид, но и можност за сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите на Црвениот крст Охрид да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и активностите на Црвен крст Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 08.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©