Градежна екипа на ЈП „Градски гробишта” отпочна со изградба на дрвен
пешачки мост во населбата „Далјан“ кај месноста викана „ Грашница“. Мостот
се наоѓа на самото место на сливот на реката Грашница во Охридското Езеро.
Со изградбата на овој дрвен пешачки мост ќе се овозможи безбедно и
непрекинато движење на пешаците на овој дел од брегот на Охридското Езеро.
Извор: www.ohrid.gov.mk |