Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница го усвои  Буџетот на единицата на локалната самоуправа Oхрид за 2015 година како и одлуката
за негово извршување.Беа усвоени и одлуките за развојните програми
за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2015 - 2017 година, поддршка на локалниот економски развој на општина Oхрид за 2015 година, за финасиските потреби на територијалната противпожарна единица Oхрид за 2015 година,за изработка на урбанистички планови за општина Oхрид во 2015-2017 година, за образование за 2015 – 2017 година, за детска заштита за 2015 - 2017 година, за социјална заштита за 2015 година, за спорт за 2015 година, за култура за 2015 година, за заштита на животната средина и природата за 2015 година, за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година, за јавнa чистота за 2015 година,  за други комунални услуги за 2015 година, за енергетска ефикасност за 2015 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2015 - 2017 година, за изградба на системи за водоснабдување за период од 2015 - 2017 година, за јавно осветлување за 2015 - 2017 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015 - 2017 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2015 - 2017 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2015 година, за уредување на градежно земјиште за 2015 - 2017 година, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Oхрид за 2015 година,
за работа на Советот на општина Охрид за 2015 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2015 година и за усвојување на Програмата за одбележување на празници и манифестации во 2015 година.

Зелено светло добија и предложените одлуки  за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за потикнување на локалниот економски развој и туризмот и поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2015-2018 година и за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од барателите на финансиската поддршка. Беа прифатени и програмите за работа за 2015 година на МЈП„ Проаква“ Струга РЕ„Водовод“ Охрид ,ЈП„ Нискоградба“ , ЈП „ Билјанини Извори“  , ЈП „ Охридски Комуналец“  ,  ЈП „ Градски гробишта“ , ЈП  „ Градски пазар“ и  ЈП „ Охридски комуналец“ .Беа дадени согласности за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“ , за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „ Билјанини извори“  и  за отстапување на користење на паркинг простор од општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ .Беше прифатена и одлуката за присоединување на  ЈП „ Погребни услуги“  и ЈП „ Градски гробишта“ .

Од областа на урбанизмот  беа усвоени  програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година. Детален урбанистички план за градежна парцела бр.11.4.2 на КП.бр.4498/1 во УЗ 11 дел од УБ 11.4 КО Охрид 4, општина Охрид, плански период 2012- 2017, Детален урбанистички план за градежна парцела бр.13.4.1 на КП.бр.1366 во УЗ 13, УБ 13.4 КО Охрид 4, општина Охрид, плански период 2012- 2017, Детален урбанистички план за УЗ 7, блок 7.2, опфат 2 - Охрид, општина Охрид, плански период 2011–2016, Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на ДУП во УЗ 15 УБ 15.7, Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на ДУП за ГП 1 во УЗ 4 дел од УБ 4.1 на КП.бр.13688  КО Охрид 3, општина Охрид , а не беше прифатена   иницијативата за изработка на измена на ДУП за КП.бр.10834/2 и др. КО Охрид 2.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 30.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©