Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ПРОМОВИРАН ВО СРБИЈА
Untitled Document

Активностите за промоција на Охрид како туристичка дестинација продолжуваат. Вечерва во Ниш, Република Србија, делегација предводена од заменик градоначалникот, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој, пред претставници на туристичките агенции, туроператори, медиуми, новинари и претставници на туристичките комори и општини од централна и јужна Србија, ги презентираа туристичките потенцијали на градот. Преку организирањето на „Охридска вечер“, присутните имаа можност да се запознаат со охридската традиционална кујна.


Целта на настанот е промоција на Охрид на туристичкиот пазар во централна и јужна Србија, како и остварување на контакти помеѓу туристичките работници од двете земји.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 25.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©