Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 200 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ШТРОСМАЕР
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес  во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“, присуствуваше на  одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на хрватскиот великан од 19-от  и почетокот на 20-от  век, Јосип Јурај – Штросмаер. 

За македонскиот народ Штросмаер е особено значаен затоа што се залагал за издавање на капиталното дело „Зборникот на Миладиновци“со што започнува големата македонска преродба.
За животот и делото на Штросмаер,  зборуваа амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Македонија   проф. д-р Златко Крамариќ и директорката на библиотеката Александра Белевска.

Штросмаер е личност од енциклопедиски формат, но неговото дело е особено важно во три области, тој е  хрватски бискуп, доктор по теологија,  политичар, лидер на Народната партија и  истакнат културен деец.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1365  пати
Објавено на: 07.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©