Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Untitled Document

По повод Денот на пензионерите , Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, одржа свечена седница на која свие обраќање имаше претседателот на Здружението, Ѓорѓи Трпчески кој ја истака нивната заложба за подобар Охрид и бројните активностите кои ги остваруваат во текот на нивното работење.

Од името на Локалната самоуправа, присутните ги поздрави претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

За пензионерите се вели дека го живеаат третото доба, но јас би рекла дека Вие почитувани, го живеете времето кога нештата Ви се можеби најјасни, кога настаните и случувањата ги доживувате со толку потребната смиреност, кога Вашите размисли и совети ни се потребни токму нам, на помладите генерации. Вашата помош во секојдневието на традиционалното македонско семејство е немерлива, а Вашите активности во општеството драгоцени за сите граѓани. Особено е за поздрвување активноста на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца на најразличните манифестаци на државно ниво, каде Вие почитувани имате забележителни резултати достојни за почит – рече Коњановска.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 23.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©