Градоначалникот, Никола Бакрачески денеска направи увид на завршните активности за уредување на кружниот тек на пресекот од булевар „Туристичка“ и улица „Македонски Просветители“.
Во моментов екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ работат на хортикултурно уредување на големиот -примарен кружен тек , по што ќе се уредува и малиот секундарен.
Претходно на овој простор поставена е нова атмосферска канализација,поставен е двослоен асфалт. Завршено е и обележувањето и поставена е заштитна ограда.
Со изградбата на овој двоен кружен тек, Охрид го добива третиот новоизграден кружен тек од вкупно предвидените пет. Во тек на градба е кружниот тек на пресекот на булевар „Туристичка“ со „Абаз Емин“ а во наредниов период треба да започне изградбата и на кружниот тек на „Туристичка“ со „Јане Сандански“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |