Општина Охрид секогаш ќе ги помага и ќе излегува во пресрет на здруженијата на граѓани формирани на различна основа, социјална, здравствена или културна, потенцира градоначалникот Никола Бакрачески, кој во рамки на своите новогодишни средби , денес ги прими и ги слушна потребите на членови од Здружението на деца заболени од дијабет Б-1.
Бесплатен превоз до локациите каде ќе се реализираат нивните редовни активности и решавање на просторниот проблем им вети градоначалникот на сите деца- членови на ова здружение. Потенцијална можност е идните состаноци на Здружението да се одржуваат во Заводот за кардио васкуларни заболувања во Охрид .
- Во тој поглед една од варијантите кои што денес ги разгледавме се постоечките капацитети на Заводот за кардио - васкуларни заболувања кои што имаат 13 годишна традиција во континуирана медицинска едукација и во тие рамки во институцијата редовно се зборува за ризик факторите, а еден од нив е дијабетот. Сега тие едукативни активности можеме да ги прошириме и во делот на едукација на родители и семејства кои што имаат деца заболени од дијабет тип Б- 1 ,истакна Бакрачески чиј предлог со задоволство беше примен од родителите и децата членови на Здружението.
Средбата со членовите од Здружението на деца заболени од дијабет Б-1 , Градоначалникот Бакрачески ја заокружи со делење новогодишни пакетчиња.
- Во Новата година ви посакувам, добро здравје, успеси во училиште и реализација на секоја ваша желба која е во насока на личното и општествено добро- рече Бакрачески, топло поздравувајќи се со децата.
Инаку состанувањата на Градоначалникот со членови од останати Здруженија од различни категории луѓе ќе продолжат и во наредниве денови како за Нова Година така и по повод Божиќ и Водици.
Извор: www.ohrid.gov.mk |