Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГИМНАЗИЈАТА И ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ КОИ ГО НОСАТ ИМЕТО НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ГО ПРОСЛАВИЈА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК
Untitled Document

Со свечена приредба, вечерва Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста  се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

-Со вечерашната свеченост, Вие се вклучувате во неколкудневната прослава во чест на великиот светител и  просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија.Тоа свето име не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било  и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот   културен и духовен идентитет.

Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски вредности , зошто благодарение на основачот на првиот сесловенски универзитет, првиот епископ на славната Охридската архиепископија, Свети Климент Охридски, токму од овој древен град почна ширењето на писменоста и културата  во земјите на православието.Токму затоа  Охрид го нарекуваат Балкански Ерусалим или единственото место во светот каде на толку мал простор имало 365 цркви.

Просветителската дејност на Свети Климент Охридски на тогашна Европа ќе и ја подари   и неговата школа на хуманизам, каде се промовираат етичките вредности за чесност, посветеност, духовност  и  меѓусебна почит.Токму на тие принципи се развиваат современите општества, а нас не прават горди, зошто живееме во Охрид, длабоко уверени дека чекориме по вистинскиот пат и веруваме во преданието дека нашиот заштитник Свети Климент Охридски, ноќе со фенер во рацете шета и ги чува древностите на овој вечен град- рече во обраќањето претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

По повод одбележувањето на патрониот празник, свечена приредба се одржа и во основното училиште „ Св. Климент Охридски“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1340  пати
Објавено на: 07.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©