Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„МОЈАТА КУЌА ВО КРС’ ЏАМИЈА“ Е ГОДИНЕШНИОТ НАГРАДЕН РАСКАЗ ОД КОНКУРСОТ „ЖИВКО ЧИНГО“
Untitled Document

Расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ под шифра „Куќа“ е годинашниот награден расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Од вкупно 73 раскази пристигнати комисијата во состав Смиле Наумоски - претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски, одвоија пет најдобри раскази, од кои во понатамошната селекција беше избран еден.

- Пристапивме кон методот на споредбен начин на прегледување и од петте го издвоивме оној расказ кој што се издигна над сите други, со една прекрасна композиција како структура на расказ со еден прекрасен израз уметнички и тука имаше толку доволно слики за да може да биде рационален но на еден експресивен начин да го пренесе она што тој сакаше да го пренесе до читателите, изјави претседателот на комисијата Смиле Наумоски.

Авторот на наградениот расказ ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе му биде врачена на 13-ти август во охридското село Велгошти на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1354  пати
Објавено на: 10.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©