ОХРИД ВО ЗНАКОТ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИТЕ АТРАКЦИИ НА „ БАСКЕРФЕСТ“
Untitled Document
Охриѓани и туристите синоќа уживаа во бројните атракции на годинашното , второ издание, на „ Баскерфест“ , што се одржуваа на Градскиот плоштад и плоштадот „ Чинар“ ,со почеток во 19 часот. На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ја загреаа атмосферата, а по нив следеа акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull настапија „Mostacho“ , ,, Denda Jorge Martin“, жонглерите ,,Spinus “, ,,Carota Payaso“, ,, Parkur“, фајар шоуто на ,,Golden Branch“ и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот плоштад повторно настапија ,,Barbarossa”.
Шоуто на плоштадот „ Чинар“ го започнаа жонглерите ,,Spinus“, продолжи со ,,Carota Payaso“, магионичарските трикови на Кристијан, ,,Diogo“, ,,Barbarossa“, ,, Mostacho“, ,,Denda Jorge Martin“, ,,Diogo“, а крајот од првиот ден на плоштадот „ Чинар“ беше резервиран за ,,Parkur“.
Првиот ден на „Баскерфест“ понуди разновидна забава за сечиј вкус и за секоја возраст. Од музички перформанси, акробации на жица, жонглери, кловнови, па до фајар шоу. „Баскерфест“ покажа дека е забава за целото семејство.