Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕСНИЦИТЕ НА ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Денес, учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, која на иницијатива на Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов се одржува во Охрид беа во посета на општина Охрид. Нивни домаќин беше секретарот на општината, Димитар Спасески, кој им посака топло добредојде и успешна работа на школата.

Секретарот на учесниците на школата им изврши презентација за знаменитостите на Охрид и им го претстави начинот на функционирање на Локалната самоуправа, нејзината организираност и работа. Исто така им беа презентирани реформите и проектите кои оваа локална власт ги има напревно од нејзиното доаѓање до денес но им беа презентирани и недостатоците и проблемите со кои се соочува општината. Во текот на презентацијата, учесниците на школата се вклучуваа со свои  мислења и идеи за подобро функционирање на општината.

На крајот учесниците изразија голема благодарност за опширната презентација и за гостопримството.

-          За нас како општина Охрид ова средба е значајна затоа што можевме да размениме искуства со млади луѓе, луѓе коишто допрва ќе имаат обврска да го водат ова општество. Се надевам дека заедничката размена на искуства ќе биде одлична можност и за нас и за нив да видат како во пракса функионира една локална самоуправа, со сите предности и недостатоци, проблеми и предизвици со коишто ние се соочуваме, изјави Димитар Спасески, Секретар на општина Охрид.

 

Координаторот на Школата за малади лидери, Гордица Каранфиловска потенцира дека преку една ваква практична работа потенцијалните млади лидери кои се дел од петтата по ред Школа за млади лидери, ќе можат да се стекнат со практични вештини, кои подоцна, во својот професионален живот, ќе можат да ги применат. Младите лидери уште денес треба да се подготват, да се инвестира во нив, за да утре, кога ќе дојдат на раководни позиции во своите места на живеење, да можат полесно да се снаоѓаат.

 

Инаку учесниците на Школата за млади лидери по одржаната презентација, заедно со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог – проектите ќе  бидат доставени до градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1308  пати
Објавено на: 23.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©