Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан- Бајрам, екипи на Јавното
претпријатие “Градски гробишта“ интензивно работат на средување
на муслиманскиот дел од гробиштата.
Покрај редовните активности на уредување, деновиве се поставуваат нови
парковски ивичници. Исто така се работи на дислоцирање на
старите камени плочи а ќе се отстранува и поголем дел од шутот кој е во
непосредна близина на гробиштата.
Акцијата на уредување на муслиманските гробишта со несмален интензитет ќе
продолжи и во наредниве 10-ина дена.
Извор: www.ohrid.gov.mk |