Под покровителство на Општина Охрид, како продолжување на кампањата „ ЈП Билјанини извори за децата” , вечерва ( среда ) со почеток во 18 часот, во спортската сала ќе се одржи голема предновогодишна забава за најмладите.
На големиот предновогодишен хепенинг, за кој влезот е бесплатен, ќе настапат учесници на фестивалот „ Распеано рибарче“ , балетското студио „ Виза- Ви“ , ансамблот „ Билјана- јуниор“ и најмладите од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ . Покрај богатата предновогодишна програма , најмладите ќе имаат можност да се дружат и сликаат со Дедо Мраз.
Извор: www.ohrid.gov.mk |