Со концерт на културно уметничките друштва “Гердан“,“Илинден“, “Охриѓанка“, “Плетенка“, “Филиграни“ и “Отекс“, вечерва во Центарот за култура “Григор Прличев“ започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква “Богојавление“.
Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на пунктовите од Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени парични средства кои ќе биде наменет за добротворни цели.
Во рамки на богојавленските празнувања , утре точно напладне во црквата св. Никола Геракомија е предавањето на кумството , а вечерта во 20. часот на плоштадот “Св. Климент Охридски“ концерт ќе одржи Каролина Гочева.
Празнувањата за Богојавление – Водици завршуваат продолжуваат и наредните три дена.
Извор: www.ohrid.gov.mk |