Вечерва со пригодна културна програма, со почеток во 20 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, свечено ќе го пушти во употреба новоизградениот плоштад кај поранешниот „мини- маркет“ во близина на музичкото училиште.
Плоштадот е со површина од 970 метри квадратни, има две фонтани и мал амфитеатар.По целата должина ,плоштадот е обложен со гранитни и бехатон плочки и камени коцки.Поставени се клупи за седење, канти за отпадоци, а целиот простор е хортикултурно уреден и осветлен според најсовремени стандарди. Овој крупен зафат, кој чини 8.688.925,оо денари , на барање на Локалната самоуправа, го реализираа охридските јавни претпријатија и фирмата „ Дуелма“ .
Посебен печат на овој простор, кој ќе биде собиралиште за одмор и релаксација на охриѓани и туристите, ќе му даваат двете фонтани, особено поголемата , која е оплемената со мозаиците „ четири рајски реки“ кои се дело на уметникот Никола Упевче.
Извор: www.ohrid.gov.mk |