Заради зачестените кражби на металните капаци од електричните столбови за
јавно осветлување, а во насока на подобрување на квалитетот на јавното
осветлување, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, упатува апел
до граѓаните на Охрид, да престанат со оваа појава. Крадењето на истите ја
намалува ефикасноста на јавното улично осветлување, сериозно влијае врз
безбедноста на минувачите и создава лоша слика за гостите кои го посетуваат
градот.
Од Секторот најавуваат дека веќе е започната санацијата на оштетените
електрични столбови и замена со нови капаци.
Извор: www.ohrid.gov.mk |