Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МАТУРАНТИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ ФРЛАА КАПИТЕ НА АНТИЧКИ
Untitled Document

Денес, кога го завршувате средното образование, сакам во име на општина Охрид и мое лично име, да Ви упатам најискрени честитки за вложениот труд и постигнатиот успех.  Во овие четири години, Вие учевте, созревавте, стекнувавте нови пријателства, стекнувавте нови искуства, всушност го учевте животот, а тој не секогаш беше лесен, полн со успеси, падови, угорници и удолници. Токму тие моменти, ќе бидат моментите кои ќе паметите цел живот. Тие спомени ќе бидат вашата водилка низ животот која ќе ви дава сила да се борите со пречки и да победувате. Сакам да ве уверам дека со завршувањето на ова поглавје не треба да застанете, напротив треба уште поенергично и пожестоко да продолжите да чекорите во животот. Да продолжите да го до оформувате вашето образование, како би прераснале во личности кои би го менувале светот, државата и градот. Ве охрабрувам никогаш да не запрете, иако борбата што ќе ја водите во никој случај нема да биде лесна и верувајте само од вас ќе зависи да дали ќе ги остварите вашите желби и мечти.

Не смееме да дозволиме и понатаму младите масовно да се иселуваат од државата. Тој негативен тренд треба да престане и вие со вашето знаење кое ќе го стекнете, користејќи го искуството на повозрасните, треба да го вложите во успехот и напредокот на градот и на нашата татковина. И сето тоа да е во чекор со најразвиените  држави.

Ова вечер е ваша. Посветена на вашите заеднички средношколски мигови, нескриената радост од средношколските клупи. Но, пред вас се и студентските денови, професионалното вработување, формирање на семејство и сите предизвици и радости кои го сочинуваат животниот пат.

Она што јас би ви го препорачал Вам е : Секогаш да бидете свои, упорни, полни со позитивна енергија, енергични и со константна професионална посветеност. Затоа што тоа е единствениот клуч за вашиот успех, но и за успехот на нашето општество - се обрати Ангел Јанев, заменик-градоначалник...

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1283  пати
Објавено на: 08.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©