Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ во сабота на 03.05.2014 година, во УЗ „ Срар град“ организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др ).
Ова е прва од палнираните девет акции за подигнување на кабаст отпад, кои согласно годишниот календар се планира да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај и јуни.
Се молат граѓаните кои живеат во стариот дел на градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски Комуналец" благовремено да го подигнат.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |