Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/15,129/15и 39/16),Општина Охрид, на ден година, 10.01.2017год. донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ документ ЛУПД за Проект „Купи куќа за млади“ КО Охрид 4, Општина Охрид, кој плански документ го изработува Агенцијата за планирање на просторот, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ нема да има влијание врз животната средина
- Одлуката заедно со формуларите за стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |