Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ПРЛИЧЕВ
Untitled Document

Со полагање цвеќе и поставување ловоров  венец пред бистата  на Григор Прличев во дворот на истоименото основно  училиште и со пригодна беседа во дворниот простор на НУ Библиотека Григор Прличев денес продолжија Прличевите Беседи кои започнаа вчера.
Во рамки на чествувањата посветени на  Григор Прличев  , денеска градоначалникот  Никола Бакрачески, положи цвеќе на гробот на лавровоносецот  и во неговата спомен куќа ја проследи пригодната програма. Потоа внуката на Григор Прличев Олга Прличева на охридскиот Звод и музеј им подари икона од Св. Никола и оригинална  фотографија од учителствувањето на Прличев во солунската гимназија.  

Празнувањата продолжија во  НУ Библиотека “Григор Прличев“ каде се одржа презентација на ЦД издание во аудио форма за животот и делото на Прличев до објавувањето на поемаата “Сердарот“по што се одржа традиционалната визита.
Овогодинешните чествувања завршуваат  попладнево во Центарот за Култура  со ликовната изложба и доделување награди на победниците од конкурсот за литературни и ликовни дела објавен од ОУ “Григор Прличев  по што ќе следи свечена приредба на учениците од ова основно училиште.
Инаку Прличевите беседи започнаа вчера а централно случување  беше претставување на наградената поема за 2013 “Азбукословецот “ од Иван Василевски.
На свечениот  чин на врачување на  Повелбата и Наградата на годинешниот добитник Иван Василевски присуствуваше претседателката на Совет Гордана Коњаноска.
Во организација на годинешните Прличеви Беседи учествуваа Општина Охрид, Националните установи: Центар за Култура и Библиотека“Григор Прличев“ и истоименото основно училиште.          

    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1538  пати
Објавено на: 06.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©