Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ГО ПРАЗНУВА ИЛИНДЕН
Untitled Document

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески  денеска  положи свежо цвеќе пред спомен обележјето  на илинденците и  борците во градскиот  парк. Свежо цвеќе положија и делегации од Сојузот на борци на Народно Ослободителната Борба,  советници од Советот на општина Охрид, политички партии, останати претставници од јавниот живот и граѓани.   Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ  одржа проф. Григор Ангеличин- Жура.

 Делегација од општина Охрид  денеска  во село Плаќе положи цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во  1903 и НОБ на Македонија  а  по повод празникот  се одржи и историски час. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1378  пати
Објавено на: 02.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©