Во организација на Општина Охрид и “Фер плеј” купот од
градов , од утре до недела на терените при СРЦ „Атина Бојаџи“ ќе се
одржи четвртото издание на Фер плеј куп, турнир за млади фудбалски
категории.
На спортското случување учество ќе земат над 90 екипи од целиот Балкан или
околу 1 500 дечиња кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории.
Фер плеј купот е реномиран турнир на кој учествуваат млади спортски таленти
и како никогаш и никаде досега е покриен со live streaming и 10 000
фотографии благодарение на заложбата на охридскиот фотограф
Стојан Стојаноски и “2S“ студио.
Извор: www.ohrid.gov.mk |