Во официјална работна посета на Австрија и Словенја се наоѓа делегација на Охрид предводена од Градоначалникот Никола Бакрачески. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација "ГЕРГГ Рајзен" до Градоначалникот Бакрачески.
Оваа туристичка организација е специјализирана за организирање на кружни патувања со ексклузивни автобуси од висока класа за туристи. Во делегација, покрај претставници на локалната самоуправа се наоѓаат и претставници на бизнис заедницата и медиуми од Охрид, како и официјални лица од Агенцијата за подршка на туризмот. На саемот кој се оддржува во Ветманштат-Австрија под наслов "Travel shop" ќе бидат презентиран програмот на "ГАГГ Рајзен" за следната сезона, а со партнерите од различни држави ќе се разговара за можноста за меѓусебна соработка и влез на оваа реномирана компанија на македонскиот и посебно на охридскиот туристички пазар. Посетата ќе финишира со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид со Туристичката организација "ГАГГ Рајзен".
Во Р. Словенија предвидена е работна средба на Градоначалникот Никола Бакрачески со истакнати бизнисмени од Словенија, кои во изминатиот период имаа можност да бидат запознати со поволностите кои ги нуди Р.Македонија и општина Охрид за привлекување странски инвестиции во туристичкиот сектор. Се очекува во најскоро време да дојде до конкретизирање на странски инвестиции во туристичките капацитети во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |