Во раните утрински часови по дрворедот на улица „Димитар Влахов„ повторно е забележана кражба на садници. Кражбата е забележана од страна на одговорните работници за одржување на јавното зеленило кои за жал континуиран период ја евидентираат оваа деструктивна појава каде несовесни граѓани само на оваа улица украле украсни грмушки: 40 зеленики од видот букус и 38 од видот елата. Појавата на кражба на садници е забележана и на новата пешачка патека од каналот Студенчишта до Горица.
Повеќе... Извор: www.ohrid.gov.mk |