Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА „ПРОМОЦИЈАТА НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ“
Untitled Document

Интегрално обраќање на градоначалникот Никола Бакрачески по повод   доделувањето на највисокото признание за “Промоција на  хуманите  вредности“ што на државно ниво го доби Општинската организација на Црвен Крст


Почитувани,


Особено сум горд, што токму младите од нашиот град, како дел од организацијата на Црвен крст, оваа година го понесоа највисокото признание  за хумани вредности, пехарот за најмногу успешни проекти со благородна идеја.Сигурен сум дека за ваков успех потребна е голема желба и мотивација, многу часови работа и многу хуманост и свест да им се помогне на луѓето во неволја.


Добивањето на ова највисоко признание за „Промоција на хуманите вредности“, покрај  тимот на Црвен крст, треба да не мотивира и нас и целокупната локална заедница да се приклучиме кон акциите за помош на ранливите групи граѓани.Само преку такви активности се промовира хуманоста, се гради взаемно разбирање и почитување, толеранција и култура на дијалог, како основа за градење современо мултикултурно општество.
Локалната самоуправа цврсто е определена да ги поддржува ваквите проекти и да се радува на нивната реализација, зошто знаеме колку е вредно да се инвестира во ентузијазмот на младите.Тие несебично одделуваат голем дел од своето слободно време и го посветуваат на добробитта на заедница.


 Промовирањето на хуманите вредности што посветено го реализираат младите и волонтерска структура на Црвен крст од Охрид, не мотивираат и нас. Ги поддржуваме и учествуваме во речиси сите нивни активности и заеднички сме реализирале многу акции во кои сме им помагале, пред се на ранливите групи на наши сограѓани.


Со таквите активности пред пошироката јавност и ние  ја промовираме хуманоста и потврдуваме дека и во иднина, како општествено одговорна власт, уште поинтензивно ќе работиме на зајакнување на јавната свест за хуманост и меѓусебно почитување.


Благодарам,

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 26.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©