Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО УГОСТИТЕЛИТЕ ОД ОХРИД
Untitled Document

Во среда (20 Ноември) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 10 часот, Градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната Самоуправа ке остварат средба со претставници на угостителските субјекти во Охрид.

На средбата предвидено е да стане збор за евалуацијата на изминатата летна туристичка сезона, како и подготовки за претстојните Новогодинешни празници и празникот Богојавление и подготовки за наредната летна туристичка сезона.

Воедно, ќе се поведе и иницијатива за формирање на Работна Група за Угостителскиот Сектор, чија цел ќе биде редовна анализа на тековни состојби во угостителскиот сектор, и унапредување на неговиот развој.

На состанокот ќе бидат презентирани и резултатите од анализите извршени од страна на Секторот за ТЛЕР за евалуација на летната туристичка сезона 2013 година, како и анализите за оваа област направена од Факултетот за туризам и угостителство.

Ги повикуваме сите заинтересирани угостителски субјекти (ресторани, кафетерии, ноќни клубови, кабареа и сл.) да присуствуваат на средбата и да ги изложат своите идеи, предлози и мислења.

ДНЕВЕН РЕД

1. Евалуација на летна туристичка сезона 2013 (презентација на резултати од анкетни истражувања спроведени од Секторот за ТЛЕР и Факултетот за Туризам и Угостителство).

2. Иницијатива за формирање на Работна Група за унапредување на угостителската дејност.

3. Организација на дочек на Нова Година 2014 и празникот Богојавление / Водици.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 19.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©