ОХРИД ПОДГОТВЕН ЗА РАКОМЕТНИОТ СПЕКТАКАЛ СО ВАРДАР
Untitled Document
Ракометарите на Охрид, подготвени ги дочекуваат Вардарци, за претстојниот
натпревар во сабота, кој ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“. Со
овај натпревар започнува и првото коло од претстојниот ПЛЕЈ ОФ.
- Мечот со Вардар е наш најлесен сезонава. Прво не сме фаворити после
подолго време сезонава и го немаме оној притисок да победиме, а второ нема
што да загубиме бидејќи играме против една од петте најдобри екипи во
Европа. - рече Јосип Кежиќ.
Целта на охридскиот клуб е освојување на некое од повисоките места на
табелата.
- Целиме на висок пласман, а најголема шанса да ја крунисаме оваа сезона ќе
имаме во Купот на Македонија. Бевме два пати подобри од Тинекс и Прилеп во
Супер лигата, но ќе треба пак да одиграме јако и да се пласираме во толку
посакуваното полуфинале. - додае Кежиќ.
Охридските ракометари за прв пат учествуваат во ПЛЕЈ ОФ натпреварувањата, а
тоа доаѓа како награда за нивната успешна игра во регуларниот дел од Супер
лигата.
- После три години макотрпно работење сите во клубот сме пресреќни што имаме
шанса да се натпреваруваме во плејофот од Супер лигата. Незнам дали е среќа
или несреќа, но е голема чест што првиот меч го играме дома против Вардар.
Ова ќе биде историски момент за охридскиот спорт бидејќи никогаш поскапа,
побогата и поорганизирана екипа на гостувала во Охрид. - рече Горан
Андоновски.
Охриѓани во полн состав ќе го пречекаат тимот на Вардар кој го
предводат звучни имиња во ракометот.
- Наша задача ќе биде да изиграме добро, најдобро што знаеме и што подобро
да се преставиме бидејќи после дуелот со Металург не очекуваат сериозни
испити во Купот на Македонија. Исто така поради нашите гледачи кои сигурно
ќе дојдат во голем број. Ние во Купот ја гледаме нашата шанса и таму ќе
ставиме најголем акцент. - потенцираше охридскиот стратег Андоноски.
Натпреварот РК Охрид – РК Вардар ќе претставува вистинско уживање за
љубителите на ракометот и спортот воопшто, а од клубот ветуваат и
фантастична најава по светски терк. Исто така од клубот апелираат до
љубителите на ракометот кои сакаат да присуствуваат да дојдат порано бидејќи
вратите од арената „Билјанини изввори“ ќе се затворат по почетокот на
натпреварот. Билетите можат да се набават на билетарата од СРЦ
„Билјанини извори“.