Делегација на Општина Охрид предводена од Секретарот Димитар Спасески,
заедно со директорот на ЈП “Билјанини Извори“, Ристе Мише и Конзулот
на Република Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски, се наоѓа во работна
посета на Веспрем - Република Унгарија. Во рамки на престојот, вчера е
остварена работна средба со Градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, при што
е договорено двата града да започнат постапка за нивно збратимување, кое
се очекува да биде официјализираа ова лето кога е најавено гостување на
градоначалникот на Веспрем во Охрид. По овој чекор се очекува да се
интензивира соработката помеѓу Веспрем и Охрид, во поглед на
аплицирање и поддршка за користење средства од ЕУ фондовите. Овој
унгарски град за седум години има реализирано проекти финансирани од ЕУ во
вредност од околу 34 милиони евра.
Во рамки на престојот , делегацијата го посети тамошниот
Универзитет за информатика кој е еден од најпознатите во Унгарија, каде е
разговарано за поконкретна соработка меѓу овој и факултетот за информатички
науки и технологии “Св. Апостол Павле" од Охрид. Меѓу
другото се разгледувале можностите наши студенти во летниот период од
годината да престојуваат во Веспрем, а се разговарало и за отворање
на Факултет за животна средина во Охрид кој би работел по програма
компатибилна со најдобрата европска универзитетска програма за оваа област.
Остварена е средба и со Претседателот на Управниот Одбор на
Ракометниот Клуб на Веспрем кој изразил подготвеност за меѓусебна
соработка, односно уште ова лето најавено е нивно присуство во Охрид .
Инаку, веќе е договорена соработка меѓу ракометните клубови од двата града
во делот на младински категории, што е особено значајно за сериозно
спортско заживување на Охрид.
Во рамки на работната посета, денес пред градоначалникот на Веспрем и
туристичката заедница на Унгарија, презентирани се можностите за инвестирање
во Охрид во делот на туризам, како и презентација на брошурата INVEST IN
OHRID, со сите можности, потенцијали и поволности кои ги нуди Охрид во делот
на привлекување на странски инвестиции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |