Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, Член 106 од Статутот на Општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
На собирите ќе се врши избор на Совети на Месните заедници.
Собирите на граѓани започнуваат од денеска, понеделник (14.10.2013),со почеток во 19,00 часот,
за Месна заедница Љубаништа. Собирот ќе се одржи во просторија во домот во с. Љубаништа.
Во вторник (15.10.2013) со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Месната заедница Трпејца. Собирот ќе се одржи во просторија во основното училиште во с.Трпејца.
Извор: www.ohrid.gov.mk |