Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Службен весник на Република Македонија" број 199/14 и 44/15) општина Охрид распишува:
Ј А В Е Н П О В И К
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.
Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Јавниот повик ќе трае од 31.07.2015 до 31.08.2015 година.
Извор: www.ohrid.gov.mk |