Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗРАЦИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Untitled Document

По повод 7 Април -  Светскиот ден на здравјето, креативните раце на корисниците на дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ЗРАЦИ“ Охрид дизајнираа производи со кои индиректно го промовираа здравиот начин на живот.

Поттикнувањето на креативниот дух, размената на техники и искуства, промовирањето на идејата  за заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас беше целта на ваквата активност.

Активноста се оствари во соработка со Локалната самоуправа, а во рамките на проектот „Достигнување креативност преку инклузија на младите во општествениот живот“, финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 07.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©