Локалната самоуправа, во четврток и петок ( 22 и 23 август 2013 година) ќе го врши третото терестичко запрашување против комарци.
Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до нас. Св.Стефан и поширока територија на град Охрид во периодот од 23 – 06 часот.
Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите на 22 и 23- ти август ( четврток и петок ) 2013 година, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |