Стартува пливачката сезона на Спортско рекреативниот центар “Атина
Бојаџи“ во Охрид. По едномесечни подготовки отворените пливачки
базени- малиот и големиот од денес почнуваат со работа за рекреативна
и професионална употреба.
- Во
изминатиов период ги направивме сите потребни санации, припреми и проверки
на системот за третирање на водата, што за мене е најбитниот дел од
припремите за пуштање во функција на отворениот пливачки базен. Од денес и
наредниов период сме спремни за сите заинтересирани корисници да го
користат отворениот пливачки базен. Јавното Претпријатие “Билјанини
извори“ направи напори, односно цели заедно со пливачките школи “Делфина“ и
“Охридски бранови“ да создадат нова генерација на пливачи кои ќе
продолжат да пливаат по патеките на славните охридски имиња од пливачкиот
спорт и да се запишат во македонската спортска историја, истакна по повод
отворањето на малиот и голем пливачки базен , директорот на
ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мишев.
Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески го изрази задоволството
да се присуствува на чинот на ставање во функција на отворениот пливачки
базен во рамки на Јавното Претпријатие “Билјанини извори“ како дел од
Спортско рекреативниот центар “Атина Бојаџи“ и укажа дека Локалната
самоуправа прави напори од година во година овој пливачки базен да
изгледа се поубаво и подобро.
- Од она што можевме да го видиме а воедно и да честитаме на
директорот и на ЈП “Билјанини Извори“ за одлично завршената
работа по што големиот и малиот базен се ставени во функција и се на
располагање на пливачките школи од Охрид кои што со своите членови практично
од денес ќе може да уживаат во новиот амбиент на базенот. Исто така како
Локална самоуправа во рамки на традиционалниот проект кој што го
воспоставивме од минатата година “Спортско лето- спорт за сите“ ќе
овозможиме и услугите на овој базен како и сите услуги кои ги нуди Јавното
претпријатие “Билјанини Извори“ да може да ги искористат што повеќе наши
сограѓани од различни категории, така што верувам дека и ова лето на базенот
ќе имаме убави содржини кои ќе се привлечни за охриѓани а сигурен сум дека
од тука ќе произлезат идните охридски пливачи кои што ќе бидат
репрезентативци на Република Македонија и како што му личи на
ова поднебје да имаат свои претставници во рамки на пливачката
федерација, рече Секретарот Спасески ,кој изрази
уверување дека овој комплекс за скоро време ќе биде надограден со
затворениот пливачки базен.
-Од она што го имаме како информација, во завршна фаза е изработката
на проектната документација во Агенцијата за млади и спорт па потоа, по
добивањето на документацијата од Секторот за урбанизам ќе биде разгледана и
најверојатно ќе следи издавање на одобрение за градба по што и официјално ќе
се започне со изградба на затворениот пливачки базен, објасни
Спасески.
Инаку пливачките школи “Делфина“ и “Охридски бранови “ ќе работат
секој работен ден во неколку термини. “Делфина“ од 9 до 10.30 часот во
малиот базен и од 10.30 до 11.30 часот во големиот базен. Попладне
терминот за работа е од 17 до 19 часот. “Охридски бранови“ исто така ќе
работи секој работен ден од 10 до 10.40 потоа од
10.40 до 11.20 односно од 11.20 до 12 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |