Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамките на планот за асфалтирање на пристапни улици и патишта, во текот на денешниот ден ќе се асфалтира дел од улицата „ Билјанини извори“ ,позади Основното музичко училиште „ Методи Патче“ .
Поради изведување на градежните работи се апелира до граѓаните кои живеат на овој дел од градот, моторните возила да не ги паркираат на просторот зад музичкото училиште.
Извор: www.ohrid.gov.mk |