Во поодмината фаза се градежните активности за реконструкција на централниот објект од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ во Охрид.
Деновиве паралелно се работи на реконструкција на кровот, се поставува нова фасада со енергетска ефикаснист и се реновираат детските санитарни јазли во објектот.Предвидена е и промена на старата дограма која ќе започне по завршување на кровот.
Цeлта на активностите е подобрување на условите за престој на децата, подобрување на условите за работа на вработените лица и постигнување на подобра енергетска ефикасност , односно намалување на трошоците за тековно одржување и истовремено намалување на емисијата на штетни гасови (CO2).
Реконструкцијата на објектот е проект на општина Охрид кој е дел од регионалниот проект “Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот плански регион“ и е одобрен од Владата на Р. Македонија преку министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2016 година.
По спроведената тендерска постапка за економски оператор е избрана скопската фирма „Siti Logistik“ заедно со подизведувачот „Тане 2007“ од Охрид.
Според договорот вредноста на проектот e 3.511.412 денари, а се реализира од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Реконструкцијата на објектот се одвива според планираната динамика и треба да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.
Централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ зафаќа површина од околу 1 142 м2. Објектот е приземен, изграден е во 1972 година и до сега не бил предмет на поголеми реконструивни зафати.
Во моментов во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ работат 34 лица, а престојуваат 220 деца во седум простории.
Извор: www.ohrid.gov.mk |