Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА OHRIDNEWS: ПРЕКУ ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА СЕКОЈ ПОЕДНИЕЦ ДА ГО ИЗДИГНЕМЕ ОВОЈ ГРАД
Untitled Document

Во неодамнешното интерју за охридскиот портал „Ohridnews“, градоначалникот Никола Бакрачсеки се осврна на активностите, плановите , проектите и идеите за напредокот на Охрид и потребата од суштински промени во работата на локалната самоуправа како и општествената одговорност на жителите за подобрување на квалитетот на животот во заедницата.

Мобилизацијата на целокупното жителство на градот Охрид, во подигањето на свесноста дека сите на некој  начин имаме општествена одговорност да го издигнеме овој град е од круцијално значење за мене како градоначалник и во таа насока сите оние мерки, активности, проекти, планови, идеи кои потекнуваат од нас, кои се рефлексија на барањата на граѓаните ќе најдат своја суштинска промена. Ние во локалната самоуправа сакаме сите активности да го доближеме до граѓаните а со тоа сите да бидат поблиску до реализација на подобрата иднина на овој град.Охрид ниту почнал со мене, ниту ќе заврши, како што не почнал ниту со претходните градоначалници и локални самоуправи. Водењето на градот Охрид е општествена и колективна одговорност, тоа е пат кој заедно треба да го трасираме со граѓаните на Охрид кои треба да имаат разбирање дека сите активности на локалната самоуправа се насочени во насока на подобрување на квалитетот на животот на заедницата, а не на индивидуата – истакна градоначалникот Бакрачсеки.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1267  пати
Објавено на: 09.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©